ТППЕ ГЕВГЕЛИЈА ВО 2023 ГОДИНА ИНТЕРВЕНИРАЛА ВО 192 СЛУЧАИ

Како што не информираше командирот на Територијалната противпожарна единица од Гевгелија, Игор Ризов, во текот на 2023 година оваа единица која го покрива подрачјето на општина Гевгелија и општините во својата надлежност Богданци и Дојран, вкупно интервенирала во 192 случаи.
Најголемиот број на интервенции, напомена Ризов, вкупно 108, се случиле на пожари на отворен простор, 47 пати единицата интервенирала на пожари во објекти, а во 5 случаи, тие излегле да интервенираат на сообраќајни средства. Според командирот во изминатата година единицата имала 21 техничка интервенција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *