ТОШЕ АНЧЕВ ПРВ, СТОЈАН ДЕЛЕВ ВТОР НА ПРВАТА ТРКА „БЕРОВО-ПЕХЧЕВО 10 КМ“

Членовите на АК „7-ми Ноември“, Тоше Анчев, Стојан Делев, Ане Делиќ и Живко Петков, денеска зедоа учество на првата трка „Берово-Пехчево 10 км“ на која учествуваа над 40 учесници од земјава.
На исклучително напорната трка, по многу угорнини, првите две места им припаднаа на гевгелиските атлетичари. Тоше Анчев го освои првото место а Стојан Делев беше втор.
 
По иницијатива на Алексеј Крушарски и Андреј Митровски од Пехчево, Здружението за планински спортови, туризам и млади „Патфајндерс“, Берово а во соработка со општините Берово и Пехчево, атлетичарите стартуваа од плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово а крајната цел беше на плоштадот „Свети Петар и Павле“ во Пехчево.
 
-Иницијативниот одбор за организирање и одржување на оваа трка, има желба оваа активност да прерасне во традиција и да продолжи да се одржува секоја година, да биде една туристичка атракција за двете општини и дополнителна причина да се посетат општините Берово и Пехчево – изјавија организаторите при доделувањето на наградите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *