TОДОРКА ОКОВА: ИМА ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ КАЈ ГЕВГЕЛИЧАНИ ЗА ТРЕТА ДОЗА НА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД. ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ ВАКЦИНИРАНИ СО СИНОВАК И СИНОФАРМ МОЖЕ ДА ПРИМАТ ТРЕТА ДОЗА ПОСЛЕ ТРИ МЕСЕЦИ ОД РЕВАКЦИНАЦИЈАТА.

Д-р Тодорка Окова, задолжена за имунизација против ковид-19 во Општата Болница со проширена дејност Гевгелија за ТВ Нова 12 изјави дека постои голема заинтересираноста на гевгеличани за примање на третата доза вакцина против ковид-19. Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот Фајзер, вели доктор Окова а вакцинацијата е без закажан термин на вакциналниот пункт во Општата болница.
Таа ги потсетува граѓаните на препораката на Националниот Комитет за имунизација, кој донесе одлука со која препорачува, граѓаните кои се вакцинирани и ревакцинирани со вакцините на производителите Синовак и Синофарм, трета доза вакцина може да примат по изминати три месеци од ревакцинација.
За граѓаните кои примиле друг тип вакцина, Фајзер, Астра Зенека или Спутник В, трета доза вакцина може да примаат по поминати шест месеци од ревакцинација.
Окова уште еднаш укажува дека вакцините освен што се ефикасни, се исто така безбедни,и апелираше граѓаните да се вакцинираат, затоа што, вели Окова, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.
May be an image of 1 person
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *