ТЕРЕНСКОТО ВАКЦИНИРАЊЕ ЗАПОЧНА ДЕНЕСКА ОД БОГОРОДИЦА, СТОЈАКОВО И СЕЛЕМЛИЈА. ПРОДОЛЖУВА УТРЕ ВО МИРАВЦИ И МИЛЕТКОВО

Од денеска започна теренската акција за вакцинирање на населението против КОВИД-19 во населените места во општините Гевгелија, Дојран и Богданци, за кои е надлежна и здравствено ги покрива Општата болница со проширена дејностГевгелија. Согласно изготвениот план за спроведување на вакцинацијата од страна на Општата болница- Гевгелија, теренската вакцинација започна во населеното место Богородица, а продолжи во Стојаково и Селемлија. Теренското вакцинирање ќе трае до 27 јули, 2021 година. Населението не постаро од 60 години ќе се вакцинира со кинеската вакцина „Синовак“, додека населението од 60 години нагоре со „Астра Зенека“. Во текот на утрешниот ден теренското вакцинирање ќе се спроведува во Милетково, од 8 до 9 часот и во Миравци, од 9 до 13 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *