ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА „АУДИЦИЈА“ НА ПРИЛЕПСКИОТ ТЕАТАР „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

„Аудиција“ од репертоарот на НТ „Војдан Чернодрински“- Прилеп е театарската претстава која гевгеличани ќе имаат можност да ја проследат во рамки на седмоноевриската културна програма, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот. Во претставата играат: Марија С. Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицовска Станкоска, Наташа Ачански, Илија Волчески, Александар Тодески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски.
 
Режијата е на Владимир Милчин, преводот на текстот од Александар Галин е на Сузана Киранџиска, изборот на музиката на режисерката Ема Маркоска Милин, сценографијата е на Крсте С. Џидров, а костимографијата на Марија Пупучевска.
„Аудиција“ е горчлива комедија за најголемата моментална општествена болка – иселувањето. Претставата која е играна во целиот свет, а за првпат во земјава пред 10-тина години, конкретно го лоцира местото – се случува во државава во овие моменти и отвора дилеми: да се остане и да се соочиме со состојбите или да се замине по подобар живот. Да се подели живеењето на два дела – едно е овде, а другото е неизвесно таму некаде.
 
-Авторот на текстот, Александар Галин и јас сме врсници, но сме живееле во различни светови. Сепак заедничка и денес многу актуелна е темата за заминувањето од земјата во некое друго општество. Тоа е најстрашната сличност. Би рекол, дека во овој момент ова е најактуелната пиеса во која можеме да се препознаеме и што сѐ правиме работите да ги влошуваме и младите, а не само тие, да заминат одовде. Кога го направивме преводот, го ставивме поднасловот – горчлива комедија. Галин создава текстови кои „болат“. Ние истовремено се смееме и плачеме. Нашава претстава става јасни маркери каде се случува – во Македонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *