ТАЖНА ЌЕ БИДЕ И ОВАА ГОДИНА. ЌЕ НЕМА МАТУРСКИ И ПОЛУМАТУРСКИ ДРУЖЕЊА. ЌЕ НЕМА „КВАДРИЛ“

„Ќе дојдат поубави времиња, ќе има време за прегратки и бакнежи“. Вака се тешеа минатата година матурантите, кои не ни претпоставуваа дека нема да се соберат на долгоочекуваниот и одамна договорен датум за прослава на матурата. Ковид-19 ги смени плановите преку ноќ, ги затвори дома, не се собраа да прослават иако претходно растеле заедно, поминувале заедничко време создавајќи спомени што ќе траат.
 
Сите се надевавме дека сето ова брзо ќе заврши, но еве, една година подоцна, нова генерација матуранти повторно нема да може да се видат на заедничка забава, да прослават како што си замислиле и да се збогуваат со професорите, пред секој да замине по својот пат. Годинава, како и минатата, наместо прослави, за спомен ќе ги имаат само алманасите и фотографиите.
Сепак, се чини дека најтажна е оваа втора пандемиска училишна година за учениците од прва година во средното образование. Тие речиси и не се виделе, не си ги виделе ниту професорите, кои ги гледаат само преку мониторите и доколку одат во училишната библиотека да земат некоја книога за лектира.
 
Останува сепак надежта. И како што милува да каже директорот на гевгелиското средно училиште, Тони Аврамов: Се надеваме на подобро утре, на победа над злото, се надеваме дека иднина носи подобри времиња… Убаво е, па дури и кога се надеваме затоа што сме луѓе со почит и убавина во срцата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *