„Ден на пијаното“ е светски настан, кога во текот на еден цел ден му се посветува внимание на пијаното. Бидејќи клавирот, по правило, има 88 клавиши, настанот се случува токму на 88-от ден од годината. Зошто е потребен Ден на пијаното? Од повеќе причини. Но, најмногу поради радоста што ја носи прославата за пијаното како еден најпопуларните и најомилените инструменти, вклучувајќи ги изведувачите, композиторите и како најбитни. Целта на овој ден е да се споделува вековната радост од свирење на пијано, како и да се создава платформа за настани кои можат да се поврзат со пијаното, со цел славењето на пијаното да биде еден од најрадосните празници.