СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, НАШ НАЈГОЛЕМ СВЕТИТЕЛ, ПРОСВЕТИТЕЛ И УЧИТЕЛ

Денеска Македонската православна црква го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец, најпознатиот меѓу повеќето ученици на Светите браќа Кирил и Методиј.
Именден празнуваат: Климент, Климе, Климентина…
Со свети апостол Павле започнаа нашето охристовување и христијанизацијата, а со свети Климента – нашата евангелизација, оцрковување, просвета, книжевност, уметност, култура и сè.
Тој бил „учител“, како што бил учител Господ Исус Христос, а тоа значи дека го учел народот во верата, го просветувал, бил проповедник, мисионер, пастир и првосвештеник.
Светиклиментовата дејност била просветна, пастирска, духовна и душегрижничка. Наречен е просветител, со полното значење на зборот просвета. Станува почеток на нашата средновековна книжевност. Неговите творби се најубавите дела на старомакедонскиот словенск и јазик и писмо.
Животот го посветил на Бога и на народот. Знаејќи дека не може секаде да појде и да му послужи на својот народ, свети Климент го основал Охридскиот универзитет, кој е првиот словенски универзитет и прв универзитет во Европа.
На Светиклиментовиот универзитет се изучувале сите тогашни науки. Се создавала нова книжевност и просвета. Во Европа влегла христијанската цивилизација на новиот јазик на Словените. Започнал новиот период во историјата на целото средновековно христијанство. Охрид, свети Климент и неговиот Универзитет станале граница меѓу двете големи јазично-културни цивилизации: грчката и латинската, и се издигнала третата – словенската, јазично-културна цивилизација.
Свети Климент љубел со срце, не – со уста. Неговото деноноќно присуство меѓу учениците и неговото духовно влијание врз нив многу значело во нивната возраст, додека тие се формирале како личности и како Христови пастири. Ја гледале големата трудољубивост, неуморната молитвеност и строгиот подвижнички живот на својот учител. И затоа запишале: „Ние никогаш не го видовме да е без работа.“
Светиот Климент го поврзувал Божјиот збор со светот и со животот на луѓето. Такви биле неговите беседи и слова. Во нив ја искажувал Христовата порака до луѓето. Им објаснувал што е човекот, според христијанското учење – и барал да ја исполнат својата човечка и христијанска цел – да бидат добри и човечни. Со љубов кон секого. Тој се раководел според правилото: „Или не поучувај, или поучувај со својот живот. Инаку, со зборовите ќе ги повикуваш, а со делата ќе ги бркаш.“ Како што говорел, така и живеел. Сè што било изговорено, било и потврдено во неговиот свет и богоугоден живот и дело. Поучувал и со збор и со личен пример.
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *