СТУДЕНТИТЕ ДЕНЕС ОФИЦИЈАЛНО ЈА ПОЧНУВААТ АКАДЕМСКАТА ГОДИНА. ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА ВО ГЕВГЕЛИЈА ЗАПОЧНУВА ВО ПОНЕДЕЛНИК „ON LINE“.

Новата студиска година официјално започнува утре, а првиот академски час ќе се одвива согласно со распоредите на факултетите. Со оглед на тоа дека и годинава образованието се одвива според посебни протоколи за работа сите факултети во рамките на УГД поединечно го организираат првиот академски час.
Првиот академски час на Факултетот за туризам и бизнис логистика ќе се одржи на 4. 10.2021 година, понеделник, со почеток во 11 часот.
Првиот академски час ќе се одржи онлајн преку алатката Microsoft Teams. Покана со линк за пристап на часот ќе добијат сите бруцоши на својата студентска е-пошта.
По тој повод ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, имаше обраќање до идните студенти кои оваа година одлучиле да станат дел од УГД. Обраќањето на ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, проследете го во целост во продолжение.
 
 
 
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *