ИЗБЕГНУВАЈТЕ ДЕНЕС И УТРЕ ДА ПАТУВАТЕ ВО ГРЦИЈА. ШТРАЈКУВААТ ГРЧКИТЕ ЦАРИНИЦИ
Ако можете, овие два дена избегнувајте да патувате во Грција. Товарниот сообраќај на граничните премини „Богородица-Евзони“, „Дојран-Дојрани“ и „Меџитлија-Ники“ ќе биде во целосен прекин од вторник на полноќ до среда на полноќ, освен за расипливи стоки, поради дводневниот штрајк на царинските служби во Грција.
Повикувајќи се на информации од грчката амбасада во Скопје, македонската Царинска управа објаснува дека патничкиот сообраќај ќе биде периодично дозволен, но дека точниот распоред не е познат и дека на патниците им се препорачува да избегнуваат движење во правец на овие гранични премини во овој период.