ШТРАЈКОТ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ПРОДОЛЖУВА, НАСТАВАТА ЌЕ СЕ НАДОПОЛНИ ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА.

Училиштата и градинките и денеска функционираат во услови на штрајк, а од СОНК очекуваат денекса од Владата да ги повикаат на преговори.
– Од Министерството за образование ни укажаа дека интензивно работат на пресметките, па очекуваме да нè повикаат во Влада на преговори. Тоа значи дека и утре најверојатно нема да има настава, бидејќи ќе ни треба време да заземеме став во раководството на СОНК околу евентуалната понуда што ќе ја добиеме – вели првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.
Ќе договориме скратена програма со Министерството за образование и со Бирото за развој, да се имплементира во наставата скратена програма, не би било фер учениците да имаат дополнителна настава, па да испаднат најголеми жртви на штрајкот, изјави за Плусинфо првиот човек на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *