СТЕФАН МАРКОВСКИ ИЗБРАН МЕЃУ 18 ПОЕТИ ЗА ТРИЈАЗИЧНАТА ЗБИРКА „МЛАДИ ПОЕТСКИ ПЕРА-СТИХОВИТЕ ГРАДАТ МОСТОВИ

Здружението за култура и заеднички вредности од Гостивар „КРИК 094“ избра 18 поети кои со своите песни ќе бидат застапени во тријазичната збирка поезија, како дел од проектот „Млади поетски пера-Стихови градат мостови“.
Преку конкурсот наменет за автори на возраст од 16 до 35 години, избрани се поетите Стефан Марковски, Катерина Гогова, Давид Берат, Андреј Ал-Асади, Даниел Ѓорѓески, Бесјона Јусуфи, Мери Берат, Рина Јанкуловска, Мартина Даниловска, Гордана Балеска Трифуноска, Дејан Крстески, Даница Среткоска, Софија Тодороска, Ана Трпевска, Павлина Атанасова, Бериника Арслани, Анастасија Лефкоска и Рената Пенчова.
Здружението работи на препев на песните што во збирката ќе бидат објавени на македонски, албански и турски јазик. Потоа ќе следува техничка подготовка и печатење на книгата
Стефан Марковски (р. Гевгелија, 1.12.1990) е современ македонски писател и поет, потписник на 9 објавени прозни, поетски и есеистички книги во земјава и странство.
Марковски е еден од познатите македонски литерати од најновата генерација, добитник на повеќе книжевни награди и признанија.
Првата книжевна награда ја освоил во 2008-ма за расказ на конкурс за студенти и средношколци распишан од МАНУ.
За својот прв роман „Еднонасочно“ во 2009-та година ја добил наградата „Петре М. Андреевски“, за подоцна неговото творештво да се закити со наградите: „Бели мугри“ за поетска книга од автор до 35-годишна возраст, „Македонска книжевна авангарда“ за збирка раскази, Гран При на поетскиот фестивал „Литературни искри“, признанието на општина Гевгелија „7 Ноември“, селекциска награда на Фондацијата „Македоника“ и УНЕСКО за македонски автори до 30 години, како и повеќе награди за есеи. Член е на Друштвото на писатели на Македонија,главен и одговорен уредник на најстарото македонско книжевно списание „Современост“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *