СТАРА МАСЛИНКА, СИМБОЛОТ НА ГРАДОТ БАР Е НАЈСТАРОТО ДРВО ВО ЕВРОПА!
Старата маслинка, симболот на градот Бар, во Црна Гора, е најстарото дрво во Европа, старо повеќе од 2.242 години. Се наоѓа во населбата Мировица, на петтиот километар од Бар до Улцињ.
Овој природен споменик е постар од кој било пишан споменик за Бар и неговите жители. Старата маслинка во Мировица е природен споменик заштитен со закон во 1963 година.
Дијаметарот на дрвото е 10 метри. Според легендата, конфликтните семејства се собирале околу маслиновото дрво за да склучат мир еден со друг – оттука и името Мировица.