СРПСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ АЛЕКСАНДАР ВУЧИЌ ПОБАРАЛ ОД ВЛАДАТА НА СРБИЈА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ БЕСПЛАТНА ВАКЦИНА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ.

Според информациите на Б92, Вучиќ побарал македонските државјани да примаат вакцини по избор. Доколку предлогот се прифати, Македонците во Србија ќе можат да примат некоја од четирите вакцини на „Фајзер“, „Синофарм“, „Астразенека“ или „Спутник в“.
Да потсетиме, сите граѓани на БиХ од вчера, каде било и во кое било време, во Србија можат бесплатно да се вакцинираат и да добијат потврда за тоа.
„Тие можат да се вакцинираат целосно бесплатно и да добијат потврда за тоа, како и граѓаните на Србија“, рече Вучиќ, потенцирајќи дека земјата има доволно вакцини и дека успеала да вакцинира околу 630.000-640.000 нови граѓани во последните дваесетина дена.
Македонските власти, пак, донесоа одлука дека српските државјани од 15 јуни до 15 август ќе бидат ослободени од патарини, во знак на благодарност за претходните донации во вакцини од страна на Србија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *