СРПСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО МАКЕДОНИЈА ДЕНЕС ГО СЛАВИ ДЕНОТ ПОСВЕТЕН НА СВЕТИ САВА – СРПСКИ СВЕТЕЦ, ПРОСВЕТИТЕЛ И ДРЖАВНИК

По повод Свети Сава, национален празник на Србите во Македонија, Регионалниот одбор на Српската заедница во Македонија организира Свечена Светосавска академија која ќе се одржи денес (27. јануари) во Македонскиот народен театар (19 ч.) во Скопје.

На Свечената академија во МНТ ќе се обратат високи официјални претставници од Република Северна Македонија, од Република Србија и од Република Српска. Со богата културно уметничка програма ќе биде претставена културата, духовноста и традицијата на српскиот народ.

Српската православна црква и верниците денеска го одбележуваат Свети Сава, кој важи за една од најважните личности во српската историја. Савиндан се слави како дел од првиот српски архиепископ, просветител и творец на законодавството. Свети Сава се смета за основоположник на српската средновековна литература и заштитник на образовните институции.

Роден е во 1169 година како најмлад син на српскиот жупан Стефан Немања. Неговото светско име беше Растко. Тој се откажал од световниот живот и се замонашил на многу млада возраст, околу 1192 година, на Света Гора, во рускиот манастир Свети Пантелејмон.

Се вратил во Србија во 1208 година за целосно да ги помири скараните браќа. Се занимавал со просветна работа, пренесувајќи основни религиозни и световни учења.
Зад себе остави неколку пишани дела. Најзначајни се „Житијата на Свети Симеон“, „Карејски типик“, „Хиландарски типик“ и „Студенички типик“, како и „Законоправило“.

Во Никеја, во 1219 година, тој ја добил автокефалноста на српската црква и на српската архиепископија од византискиот император Теодор Ласкарис и вселенскиот патријарх Маноил и Харитопулос.
 
Починал во Трново на 25 јануари 1236 година, на враќање од аџилак во Ерусалим, по дипломатска мисија за Бугарската архиепископија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *