Ждрепката, одржана во седиштето на УЕФА во Нион, ги откри сите четвртфиналиња во Лигата на шампионите за оваа сезона, како и целата патека до финалето кое ќе се игра во Париз на 28 мај.
Набргу по извлекувањето на четвртфиналните двојки беше извршена и ждрепката за полуфиналето. Победникот од пресметката меѓу Сити и Атлетико ќе игра против Челзи или Реал, што несомнено е многу потежок пат до финалето во однос на она што ги очекува Ливерпул и Баерн, кои ќе бидат големи фаворити во нивните четвртфинални натпревари.
Првите четвртфинални натпревари се закажани за 5 и 6 април, а реваншите се на 12 и 13 април. Полуфиналните натпревари се на 26 и 27 април, а реваншите на 3 и 4 мај.
Финалето е на 28 мај на Стад де Франс во Париз.
Лига на шампиони, четвртфинале:
Челзи – Реал Мадрид
Манчестер Сити – Атлетико Мадрид
Виљареал – Баерн
Бенфика – Ливерпул