СОУ „БОГДАНЦИ“ СО СВЕЧЕНА ПРИРЕДБА ДЕНЕСКА ГО СЛАВИ СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК

Денес, СОУ „Богданци го слави својот патронен празник. На 9-ти март 2006 е донесена одлука на Владата за осамостојување на СОУ “Богданци” Богданци како самостоен правен субјект. Во СОУ „Богданци“-Богданци денес се одржува настава во следниве струки: гимназија, градежно-геодетска, сообраќајна струка, текстилно-кожарска струка и здравствена струка.
 
По повод патрониот празник, директорката на СОУ „Богданци“, Росица Шабанова ќе напомене:
„Станавме училиште со современ образовен процес кое нуди поддршка на ученичките права и мултикултурализмот, инклузивноста, ефективноста, здравјето, сигурноста и безбедноста. Заеднички се движиме кон реализирање на нашата визија да создадеме ефективно и модерно училиште во кое ученикот и неговите потреби ќе бидат во центарот,преку интерактивна соработка меѓу учениците, наставниците и родителите.
 
Патрониот празник учениците, наставниците и родителите ќе го одбележат со Свечена приредба, денеска, 11 март во Домот на културата „Бранд Петрушев“, со почеток во 19 часот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *