Денот на згрижувањето во Македонија, традиционално се одбележува на 1 јуни кога им се оддава почит на сите згрижувачки семејства кои несебично го посветуваат своето време и енергија за да им пружат топлина и грижа на децата без родители или родителска грижа.
Исто така со овој ден се сака да се подигне свеста за важноста на згрижувачките семејства кои во својот дом овозможуваат поддршка за многу деца кои поради различни причини не можат да живеат со своите биолошки семејства за да имаат нормално детство, исполнето со радости, учење и заштита.
Центарот за поддршка на згрижувачките семејства на СОС Детско село Скопје, по повод одбележувањето на 1 Јуни – Денот на згрижувачи, а со цел промоција на згрижувањето како социјална услуга и ширење на мрежата на згрижувачки семејства во општината Гевгелија, планира организирање на промотивен настан.