СООПШТЕНИЕ ОД ОСНОВНИОТ СУД ГЕВГЕЛИЈА

По повод одбележувањето на „Денот на правосудството 31 март“, Основниот суд во Гевгелија ќе организира отворен ден за посета на граѓаните како и јавна презентација на сработеното од страна на Основниот суд Гевгелија во изминатиот период, на ден 02.04.2024 година (вторник), со почеток во 12 часот во просториите на Судот.
 
Целта на отворениот ден е во функција на почитување на начелата на законистост, транспарентност и отчетност пред граѓаните за сето она што е сработено од страна на Основниот суд Гевгелија, а воедно и можност, граѓаните да се запознаат со нивната процесна положба во остварување на нивните права и владеењето на правото.
 
Претседателката на Основниот суд Гевгелија, Марица Аврамчева Зафирова и судиите, со оглед на фактот што Судот е сервис на граѓаните, ќе го посветат овој ден токму на граѓаните , за да преку јавната презентација за сработеното како и преку можноста граѓаните да ги изложат своите мислења и промовираат идеи за надминување на слабостите во правосудниот систем , заеднички придонесат за подигнување на угледот и степенот на довербата во судскиот систем.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *