ШОКАНТНО УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА:

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ УБИЕНО ОД ДВЕ НЕЈЗИНИ ВРСНИЧКИ
 
Германската јавност е шокирана откако беше откриено дека зад убиството на девојчето (12 г.) стојат нејзини врснички. Поради тоа што и жртвата и осомничениот се малолетни, не протекуваат многу официјални информации од истрагата. Но затоа во германските медиуми има се повеќе детали кои го прават целиот случај уште пострашен.
 
Луиз исчезна во саботата додека одела дома од куќата на своја пријателка. Била пријавена за исчезната бидејќи не дошла дома, а не се јавила ниту на својот мобилен телефон. По опсежна потрага, Луиз беше пронајдена мртва во неделата наутро во близина на нејзиниот дом на самата граница меѓу сојузните покраини Рајнланд-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија, на запад од Германија, во близина на железнички тунел. Најпрво полицијата се сомневала за сексуален прест, но обдукцијата не ги потврдила овие сомнежи.
 
Тогаш се дозна дека две девојчиња на возраст од 12 и 13 години го признале убиството.
„По првото испрашување девојките дадоа спротивставени изјави, а по второто испрашување го признаа делото“, изјави портпаролот на полицијата во Кобленц.
Девојките наводно отишле на час со жртвата. Мотивот за страшниот чин се уште не е официјално познат. Инспекторите не сакаат да зборуваат за тоа бидејќи и осомничените се деца и мора да се внимава да се заштитат.
 
„Каков мотив може да има детето за таков чин, возрасните можеби нема да можат да разберат“, рекол јавниот обвинител Марио Манвајлер, пренесува Билд, додавајќи дека очигледно е, со оглед на тоа дека жртвата имала многу убодни рани, „дека емоциите одиграле улога“.
Манвајлер објасни дека двете девојчиња не се кривично одговорни поради нивната возраст. Според тамошниот закон, кривичната одговорност започнува на 14 години.
 
Истражителите не кријат дека се во шок по случајот.
„По повеќе од 40 години во полициската служба, овој случај ме остава без зборови, тажен и шокиран. Во моментов не бараме други осомничени. Сè уште бараме дополнителни докази во областа“, рече Јирген Сус, потпретседател на Полициска управа во Кобленц.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *