ШОКАНТНИ СНИМКИ ЗА ХАОСОТ ВО АВГАНИСТАН:АМЕРИКАНСКИ МАРИНЕЦ КРЕВА БОЛНО ДЕТЕ ВО ПЕЛЕНИ ПРЕКУ ОГРАДА

Во видеото што се прошири на социјалните мрежи, американски маринец крева дете во пелени преку оградата. Под детето има толпа Авганистанци кои се обидуваат да стигнат до аеродромот и да избегаат од земјата.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, потврди дека на маринците им било кажано дека детето е болно и дека била побарана помош.
Родителот побарал од маринците да го чуваат бебето затоа што е болно“, рече Кирби.
“Маринецот го зеде детето преку жичана ограда и го однесе во норвешката болница лоцирана на аеродромот. Тие му дадоа медицинска помош на детето и му го вратија на таткото”, додаде Кирби.
„Тоа беше чин на сочувство бидејќи имаше загриженост за здравјето на детето“, заклучи Кирби, додавајќи дека не е познато кои се родителите на детето или нивниот статус.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *