Јован Крстител или Јован Претеча, важен светец во христијанството, братучед на Исус Христос според евангелието на Лука и човекот којшто го крстил во реката Јордан. Со оглед дека оваа главна улога на Свети Јован се остварила на денот на Богојавление (19 јануари), древната Црква денот по Богојавление му го посветил на неговиот спомен.
Именден прославуваат Јовановци.
На овој голем ден, секој верник мора да биде свесен за една голема тајна, на која сите не повикува Свети Јован. Тоа е тајната на покајанието, трансформацијата, преиспитувањето, ставањето на целиот свој живот во „утробата на Спасителот“, така што Тој може да нè води понатаму, не дозволувајќи ни да ги следиме нашите луди човечки патеки.
Jован Крстител се смета за заштитник на пејачи, музичари, кројачи, кожари, волшебници, креатори на појаси, сопственици на гостилници, производители на ножеви, брусилки, затвореници, осудени на смрт, одгледувачи на птици.
Тој беше со толку морална чистота што можеше да се нарече ангел, како што го нарекува Светото писмо, отколку смртник.
Овој ден се вика уште и Женски Водици поради што главен збор во изведувањето на обичаите имаат жените.
На овој ден треба да се собираат лековити тревки: кантарион, нане, коњска чубура, линцура…
Кај народот постои обичај луѓето да се збратимуваат на Свети Јован, бидејќи Јован се смета за пример за карактер и чесност. Верниците често им го даваат името Јован на своите деца. Се слави славата Св. Јован, но и именден. Се смета дека Св Јован е трета по ред слава која се празнува меѓу семејствата, веднаш по Св. Никола и Архангел Михаил.