СО ЗВУЦИТЕ НА “ЕЛЕНО ЌЕРКО”, ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР КАЗУЈА ОЦУКА ЈА ОТВОРИ ИЗЛОЖБАТА “ЈАПОНСКИОТ ЛЕБДЕЧКИ СВЕТ” ВО ГЕВГЕЛИЈА
Денеска, во посета на Општина Гевгелија престојуваше јапонскиот амбасадор во Република Македонија, Н.Е. г. Казуја Оцука. По разговорите кои ги водеше со градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, амбасадорот Оцука во просториите на Уметничката галерија „Амам“, присуствуваше на отворањето на Изложбата насловена „Јапонскиот лебдечки свет-UKIYO-E“-
Срдечно добредојде на високите гости им посака Цеца Танчевска, директорката на НУ Музеј од Гевгелија, по што за самата изложба говореше кустосот Јасмина Намичева од Музеј на град Скопје.
Таа истакна дека овие дела се врвна уметност која е прогласена за светско културно наследство. На изложбата има претставено принтови од првите автори, дела кои се моноколоритни, со две бои, натака внесуваат повеќе колор и се со различни теми од секојдневниот живот. Претставена е убавината на црешовиот цвет, убавината на жената која во Јапонија има клучно место во тамошното општество. Ова се принтови изработени на дрво, дрворези. Секоја боја одделено се печати, и тука е големата вештина на укијо-е мајсторите“.
Изложбата на македонската публика ќе и го приближи „светот кој лебди“, кој го отсликува подемот на трговската класа доловен од страна на најзначајните мајстори на УКИЈО-Е., истакна во своето обраќање, амбасадорот Казуја Оцука. Овие дела за првпат светот ги видел на големата изложба во Париз на почетокот на 20. век, кога светот ја открива оваа уметност. Тогаш импресионистите во Париз, се фасцинирани од уметноста на техниката на сликање и почнуваат да работа на истиот начин.
До македонската публика со оваа изложба ќе допре шармот на „светот кој лебди“ кој е отслик на подемот на трговската класа во градот Едо, денешно Токио при тоа славејќи ја убавината на месечината, снегот, црешовиот цвет или јаворовиот лист. Раскошните квартови во Едо, во кои самураите и граѓаните ја сочинуваат новата градска класа, која се натпреварува во елеганцијата и рафинираниот вкус, стануваат неисцрпна тема на дрворезите на укијо-е мајсторите, заврши амбасадорот Оцука..
Тој, потоа ги воодушеви присутните посетители, кога на гитара изведе две композиции, една традиционална јапопнска песна и познатата македонска народна песна „Елено ќерко“
За времетраењето на изложбата беше организирана цртачка работилница за учениците од Гевгелија, од кои по завршувањето на циклусот патувачки изложби, ќе биде организирана изложба од ученичките цртежи во Скопје и во Велес.


Прегледи: 242