СО ТРЧАЊЕ МЛАДИТЕ ОД ЦРВЕНИОТ КРСТ ГЕВГЕЛИЈА И АТЛЕТИЧАРИТЕ ОД „7-МИ НОЕМВРИ“ ЈА ПОДИГНУВАА СВЕСТА НА ГЕВГЕЛИЧАНИ ЗА ТУБЕРКОЛОЗАТА И ПУЛМОНАЛНАТА ХИПЕРТЕНЗИЈА

Под мотото: „Време е за свет без туберкулоза“, Клубот на млади при ЦРКСМ ОО Гевгелија, како и членови на АК „7-ми Ноември“, некаде околу 30 мина учествуваа на настанот кој се одржа во петокот, и кои истрчаа 3 километри со цел да помогнат да се подигне свеста за луѓето кои се борат за здив и страдаат од градни заболувања.
Со ова успешно се одбележи Неделата на борба против туберкулозата, но исто така и против други градни заболувања како и пулмоналната хипертензија.
Во центарот на градот, крај поставениот штанд, присутните гевгеличани можеа да ги слушнат кратките објаснувања за тоа какви болести се туберкулозата и пулмоналната хипертензија.
Настанот беше збогатен со музичка точка во која учествуваа волонтерот од Клубот на млади Мартин Костадинов и претставникот од Асоцијација за Пулмонална Хипертензија Момент Плус – Борис Ќаев.
Организаторот им се заблагодари на Атлетскиот клуб 7 –ми Ноември, Планинарскиот спортски клуб Двете уши и на учениците од училиштата кои зедоа учество во трчањето!
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *