СО ТЕРЕНСКАТА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД-19 ДО ДЕНЕС СЕ ВАКЦИНИРАНИ 279 ЖИТЕЛИ НА БОГОРОДИЦА, СТОЈАКОВО, СЕЛЕМЛИЈА, МИРАВЦИ И МИЛЕТКОВО

Непречено се одвива теренската вакцинација против КОВИД-19 во општина Гевгелија и соседните општини за кои е надлежна Општата болница со проширена дејност- Гевгелија. Досега, почнувајќи од 14 јули, вакцинирани се жителите од населените места: Богородица; Стојаково, Селемлија, Милетково и Миравци. Според податоците од Општата болница со проширена дејност- Гевгелија, со оваа теренска вакцинација се потрошени вкупно 279 дози. Денеска, медицински тим е на терен во Давидово, Габрово, Петрово. Вакцинацијата продолжува во понеделник, на 19 јули во населените места Кованец од 8 до 9 часот и во Негорци од 9 до 13 часот.
Во реализирањето активно се вклучени 4 лекари, неколку медицински сестри и практиканти. Директорот на ЈЗУ Општа болница Гевгелија, д-р Митко Крџев, изрази благодарност до тимот од Црвен крст-ОО Гевгелија за несебичниот ангажман во административниот дел и помагањето на граѓаните во пополнувањето согласности за вакцинирање.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *