СО ПРИГОДНИ АКТИВНОСТИ И ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА СЕ ОДБЕЛЕЖУВА НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО

Со пригодни активности, игри и песнички, куклени претстави, во сите клонови на ЈОУДГ „Детска радост“ во Гевгелија и со свечен прием на првачињата во сите основни училишта во Детската организација и „детско ветување“ за почитување на правата и обврските на учениците. најмладите наши сограѓани ја одбележуваат Неделата на детето.
Со овие активности се испраќа порака дека децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост, нашата радост, и нашата иднина.
Секоја година, првата седмица од месец октомври им се посветува на децата. Всушност, Светската недела на детето e недела кога интензивно се зборува за правата на децата и овие денови нека бидат поттик за посериозно и попосветено продолжување со активностите за подобрување на состојбата со правата на децата. Вложувањето во децата е вложување во иднината, тие имаат право да живеат во демократски хумано општество, да се воспитуваат и да учат со цел да се надоградуваат и добро да се подготват за предизвиците во животот.
Во Декларацијата за правата на децата стои – „Човештвото им должи на децата сѐ најдобро што може да им се даде“, затоа да го направиме светот убаво место за живеење, само така детето ќе стекне многу добра. Ако детето живее со охрабрување, тоа ќе биде сигурно во себе; ако живее со искреност, ќе научи што е вистина; ако почувствува што е прифаќање, ќе знае да се сака; ако детето учи со споделување, тоа ќе научи да биде благородно; ако детето живее со сигурност, учи да има верба во себе и во оние околу него…
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *