СО ПРИГОДНА ПРОГРАМА „ТАТКОВИНО, ВО СРЦЕ ТЕ НОСИМЕ“ ООУ „КРСТЕ МИСИРКОВ“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК

Во духот на македонската традиција и култура, ООУ „Крсте Мисирков“ го одбележа својот Патронен празник со програма „Татковино, во срце те носиме“. Учениците, подготвени од нивните ментори- наставници: Крсте Издушнов, Магдалена Накова, Ивана Дојранлиева, Магдалена Каркалашева, Меги Олумчева, Зорица Златановска, Никола Проданов, Милена Стамкова и Марија Граматикова, за прославување на 66-годишниот воспитно-образовен процес прикажаа разновидни содржини – хорски изведби, современи танцови и фолклорни перформанси, рецитирање македонска поезија и драматизации, коишто ги проследија голем број присутни во Големата сала на Народниот театар- Гевгелија.
 
Исто така, на учениците кои се натпреваруваа на Државните натпревари во фудбал и кошарка, им беа доделени пофалници за освоените 2. и 3. место.
Директорот на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, Ѓорги Стамков, честитајќи го Патрониот празник на Училиштето, истакна.
„Иако сме исправени пред реални проблеми, нашето училиште, нашите наставници, нашите ученици, ги покажаа одличните резултати на своето работење. Така, тие, во улогата на еластичното ширење и собирање на огромните задолженија на реформите, мошне успешно се изборија и постигнуваат успеси. Нашите ученици уште од најрана возраст се препознаени, се обликуваат за своите способности, се изведуваат пред тестот на науките и вештините и постигнуваат одлични резултати на училишните, општинските, регионалните и државните натпревари, истакна Стамков.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *