Регионална средба за Југоисточниот регион се одржа денес во Гевгелија во рамки на осумте настани кои ги организираат АДКОМ – Здружение на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ согласно проектот „Со подигање на јавната свест до одржливи комунални услуги“.
Овој проект претставува можност за соработка помеѓу централната и локалната власт и ЈКП и зголемување на нивната координираност и комуникација, а има за цел да ги обедини централната и локалната власт, како и јавните комунални претпријатија, во заеднички напор за подигање на јавната свест за значењето на комуналните услуги.
Пред присутните свои обраќања имаа Раско Чочков, директорот на ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија, Ана Мазневска, раководител на сектор отпад при Министерството за животна средина, Вера Љатева од Државниот инспекторат за животна средина и Пеџце Милевски, претседател на АДКОМ-Здружение на даватели на комунални услуги.