По повод Патронатот на Библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија, 4-ти февруари – ден на раѓањето на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев (1872-1903), Библиотеката денес, понеделник, 5 февруари, организираше одбележување на патрониот празник.
Под менторство на професорката Жаклина Атанасова, свои литературни творби читаа Димитар Урумов, Санда Шапкарова, Ирина Прошева, Адријана Ристовска, Јасмина Јовановиќ, Иван Ичев, Марија Костова, Ивана Јанева, Ивана Горбашлиева и Михаела Костадинова, ученици и ученички од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија.
Во рамките на ова одбележување, директорот на Библиотеката, Стефан Марковски им додели благодарници на тројцата најактивни читатели за 2023 година, Марија Апостолова, Адријана Вацев и Ангелина Дојранлиева.
Честитајќи им го на присутните патрониот празник , директорот Марковски изјави дека во наредниот период, бистата на великанот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев, ќе биде поставена пред зградата на Библиотеката која го носи неговото име.