СО ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА ЛЕКАРИТЕ СПЕЦИЈАЛИСТИ ЌЕ МОЖАТ ДА ДЕЖУРААТ ВО ДРУГА УСТАНОВА А ОПШТИТЕ ЛЕКАРИ ВО ЗДРАВНИТЕ ДОМОВИ, КАКО И ПЕДИЈАТРИТЕ И ГИНЕКОЛОЗИТЕ ВРАБОТЕНИ ВО БОЛНИЦИТЕ ЌЕ МОЖЕ ДА БИДАТ И МАТИЧНИ ЛЕКАРИ

На вчерашната седница, по предлог на Министерството за здравство, утврден е текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита по скратена постапка, со кој се предвидени повеќе новини за поквалитетна здравствена услуга за граѓаните.
Со предвидените измени и дополнувања, меѓу другото, е обезбедена правна можност за избор на матичен лекар во јавен здравствен дом во случај кога нема доволен број избрани лекари во општината, како и исклучок дека јавна здравствена установа – болница, која врши специјалистичко-консултативна и болничка здравствена дејност од областа на гинекологијата и акушерството и педијатријата, може да организира здравствени услуги на примарно ниво во овие дејности за пациентите што не може да го остварат правото на здравствена заштита на примарно ниво поради недоволен број тимови на подрачјето на местото на живеење.
Врз основа на позитивните искуства од соработката со граѓанските организации за одредени здравствени сервиси, како што е справувањето со ХИВ во делот на намалувањето на штетите од дроги, со дополнувањата во законот се дава можност здруженијата на граѓани да може да спроведуваат одредени мерки и активности од здравствената дејност за ранливи и тешко достапни групи население, што се од посебно значење за јавното здравје.
Со новопредложените дополнувања се пропишува и можноста специјалистите и супспецијалистите да спроведуваат дежурства во други здравствени установи, кои се разликуваат од здравствената установа во која се вработени, со цел поблизок пристап до пациентите и нивните потреби.
May be an image of 2 people and outdoors
 
 
 
 

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *