Во организација на здружението на граѓани “Вардар” од Ниш, од 9 до 20 септември ќе се одвиваат Деновите на македонската култура, Ниш 2024. Честа да ја отвори оваа манифестација и припадна на уметницата од Гевгелија, Мирјана Крстева Массети.Свеченото отворање ќе се случи во понеделник, на 9 септември со почеток од 19 часот во галеријата на Нишкиот културен центар.
На истото место, на 12 септември ќе се одржи концерт на учениците на Основното музичко училиште „Лазо Мицев-Рале“ од Кавадарци, на 19 септември во Народната библиотека „Стеван Сремац“ ќе се одржи книжевна вечер со поетот и актер Игор Трпчевски од Прилеп, додека деновите на македонската култура ќе бидат затворени на 20 септември со монодрамата „Лидија“ во изведба на актерот Игор Трпчевски.
Здружението на граѓаните на македонското национално малцинство на Нишката околија „Вардар“ Ниш е едно од најрано формираните македонски здруженија во Република Србија. Формирана е на 20 декември 2002 година, и регистрирано е во Агенцијата за деловни регистри.