СО ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА ДО ПОУБАВ И ПОЧИСТ ЈАВЕН ПРОСТОР ВО СЕЛОТО УМА

За време на посетата на селото Ума во општина Гевгелија, која се наоѓа на територија на ЛАГ Бојмија / LAG Bojmija, НВО Мрежа за рурален развој во Македонија разговараше со локалното население за заедничка иницијатива која е финансиски поддржана од населението, неколку компании од приватниот сектор, Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија.
Иницијативата ќе предвидува уредување на патот до месната заедница, чистење на дивата депонија на влезот на селото и уредување на места за собирање отпад и негова селекција. Вакви иницијативи се пример дека вклученоста на сите локални чинители води кон одржлив развој на заедницата.
Меѓу присутните беше и Дон Кармин – директорка на Канцеларијата за развој на УСАИД во Северна Македонија, која ги поздрави напорите на заедницата за унапредување на руралниот развој.
Оваа активност е организирана и поддржана во рамки на Програмата за развој на заедницата, која е имплементирана од Мрежа за рурален развој на Македонија.
Локално покренати иницијативи се можност за развој на селата со поддршка од месното население и бизнис секторот. На повидок е еден успешен пример и проект инициран од Здружението Мегленија од Ума и поддржан од ЛАГ Бојмија.
Целта на МРР на Македонија е да се демонстрира структуриран пристап кон мобилизација на руралните заедници, за тие да станат посилни застапници на локалниот развој и да учествуваат во руралната политика на локално, регионално, национално и ниво на ЕУ. Ова опфаќа воспоставување ефикасна соработка и взаемна помош помеѓу поединци и организации во руралните области, со цел обезбедување ефикасно претставување на потребите, гласот и интересите на руралното население, како и обезбедување проток на информации помеѓу владините и невладините тела на сите нивоа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *