Танцовото студио „Мистик“ со вчерашниот концерт, на 22 јуни, и со вечерашниот, на 23 јуни во Народниот театар- Гевгелија, традиционално го одбележува крајот на сезоната 2023/2024. Членовите на ова студио, кое е формирано во 2008 година во просториите на Пионерскиот дом во Гевгелија, под раководство на Александар Аврамов, и овој пат се претставија со кореографии инспирирани од урбаната и поп-културата на денешницата, оригинални и својствени за „Мистик“, кои ја одбележаа својата успешна натпреварувачка сезона.
Гевгелиската публика со искрени аплаузи,првата вечер, ги наградуваше сите настапи на малите и поголемите танчерки и танчери кои продефилираа на сцената на Народниот театар
Со своите настапи во земјава и во странство и со многубројните награди, студиото „Мистик“ претставува вистински музички репрезент на Гевгелија и на Македонија, на модерниот танц.
Идејниот татко на ова студио, Александар Аврамов, кој над 20 години е инструктор и кореограф, не криејќи го своето задоволство од успешните концерт и успешната сезона ќе каже:
„16 години „Мистик“ нѐ води и нас и вас, како публика, низ светот на урбаниот танц, танцот на денешницата, танцот на иднината.
Им благодарам најпрво на сите членови што беа дел од „Мистик“ изминатава сезона, а посебна благодарност до нивните семејства за поддршката и аплаузите на секој натпревар, секое патување, секоја изведба.