Во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија вчеравечер, во присуство на голем број граѓани, меѓу кои негови роднини, сограѓани, колеги и пријатели од „неговата татковина“ Гевгелија, беше отворена изложбата посветена токму на доктор Сингер, а насловена „Д-р Александар Сингер- Народен лекар“.
Самата изложба е поделена во четири целини, Биографија, Потстанар, Работа и Шах, каде преку фотографии, документи, лични предмети, меѓу кои највпечатливи се медицинските апарати кои ги користел, картонскиот куфер со кој излегол од логорот Беркхорст, како и карикатурата нацртана во логорот на која е тој, со својата голема љубов, Елизабета, .пред присутните е распослан целокупниот живот на доктор Александар Сингер, кој наликува на сценарио за некој холивудски игран филм .
Оние гевгеличани, кои уредно беа поканети од страна на Меморијалниот центар, а од било кои причини не можеа да присуствуваат на отворањето, преку овие слики ќе може да видат какво голема чествување му беше направено со оваа изложба на ликот и делото на доктор Александар Сингер, кој велеше дека негова Татковина се Гевгелија и Гевгелиската болница..