ОО Црвен крст Гевгелија во рамки на Неделата на грижа за старите лица спроведе низа активности – информативна работилница наменета за стари лица, превентивно здравствени акции за мерење на шеќерот во крвта и крвниот притисок, неформална дружба и играње на друштвени игри.
Овие активности имаат за цел зголемување на информираноста и учеството на старите лица во заедницата.
Црвениот крст на Република Македонија од 20 до 26 ноември 2023 година ја одбележува „Неделата на грижа на старите лица“ под мотото: „Сите сме нивни деца“. Целта за одбележување на неделата е да се подигне јавната свест за потребата од зголемена интеграција на старите лица во сите сфери на општествениот живот, како и потреба за обезбедување грижа и помош на старите лица.
Поддршка во одбележување на неделата е обезбедена од страна на УНФПА со која организација Црвениот крст на РСМ остварува соработка на актуелни прашања наменети за старата популација, како и здравствена превенција на ранливи целни групи население.