СИРИЈКАТА ХЕНД ЗАЗА НАЈМЛАДА А АВСТРАЛИЈКАТА МЕРИ ХАНА НАЈСТАР НАТПРЕВАРУВАЧ НА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ТОКИО

Сиријката Хенд Заза која има само 12 години, ќе биде најмладата учесничка на Летните олимписки игри во Токио. Таа само што наполни 12 години, се избори за место на ЛОИ, каде ќе настапи на пинг-понгарскиот турнир. . Малата Заза со пинг-понг се занимавала од пет години, а само една година подоцна ги импресионирала сите на првенството за млади таленти во Доха.
Со 66 години и три внучиња зад себе, најстара натпреварувачка е Мери Хана од Австралија. Хана ќе се натпреварува во коњичките спортови, а ова за неа ќе бидат седми Олимписки игри на кои учествува.
На игрите во Токио таа ќе стане втората највозрасна личност која се појавила на Олимписките игри по Лорна Џонстоун од Велика Британија која со 70 години настапи на игрите во 1972 година, исто така во коњичките спортови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *