СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС СИНОЌА ВО ГРЦИЈА, ПОЧУВСТВУВАН И ВО ГЕВГЕЛИЈА
Силен потрес синоќа се почувствува во југозападна Македонија, а граѓаните на социјалните мрежи алармираат дека најмногу тресело во Битола, Охрид, Струга, а беше почувствуван и во Гевгелија
Земјотресот според сервисот ЕМСЦ, бил на 14 југозападно од Костур, Грција во 31 минута по полноќ по локално време односно во 23 и 31 часот по македојско време. Според првичните информации, јачината изнесувала 5.2 степени според Рихтеровата скала. По половина час од потресот, ЕМСЦ корегираше дека земјотресот бил со јачина од 4,7 степени по рихтер.