СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО И ДИСКРИМИНАЦИЈАТА ТЕМИ НА РАБОТИЛНИЦАТА НА ЗГ „ПОДДРШКА“

Здружението на граѓани „Поддршка“ од Гевгелија го спроведува проектот „Еднакви права за сите“. Покрај другите активности, беа планирани и три еднодневни работилници наменети на институциите кои го третираат семејното насилство и дискриминацијата. Сите релевантни институции номинираа по два претставника кои земат учество на работилниците а со цел да ги подобрат своите вештини и знаења за оваа проблематика која е доста присутна во секојдневниот живот. Во четвртокот, на 22.02.2024 година се одржа третата работилница на оваа тема на која присуствуваа 2о претставника на институции . 

Работилницата се одржа во Хотел Казино Аполонија Гевгелија. Работилницата ја водеше едукаторот Бојан Трпеновски од здружението Млади правници – Скопје . На оваа работилница акцент се стави на законската регулатива за оваа проблематика и какви се законите , дали истите се почитуваат и доследно се применуваат кај нас и како постапуваат институциите кај нас – Судот, ОЈО, Полицијата , Центар за социјална работа и другите институции. Беа обработени повеќе примери од пракса со укажување на грешките при постапувањето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *