СЕ РЕНОВИРААТ САНИТАРНИТЕ ЈАЗЛИ ВО ООУ „КРСТЕ МИСИРКОВ“
Во тек се работни активности за комплетна реконструкција на сите санитарни јазли во основното општинско училиште „Крсте Мисирков“ во Гевгелија.
Реконструкцијата опфаќа замена на дотраените инсталации во санитарните јазли во училиштето, замена на инсталации за водовод и канализација, како и замена на целата санитарна опрема.
Ќе бидат поставени нови керамички плочки на подовите и ѕидовите, а исто така ќе се постават и нови врати во тоалетите.
Во санитарниот јазол приземје се гради нов тоалет за лица со попреченост, со што се овозможува инклузија на сите деца во образовниот процес.
Средствата се обезбедени од сопствено финансирање на училиштето.