Во тек е одбележувањето на спортските игралишта во општина Гевгелија, во склоп на акцијата за машинското одбележување на улиците со хоризонтална сообраќана сигнализација, годинава. Ќе бидат обележани сите спортски игралишта во училиштата, како и теренските игралишта во градот и населените места. Станува збор за обележување на површина од 1200 метри квадратни со сина и жолта боја. За првпат, во годинашното машинско обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација е вклучено и машинско фарбање на кошаркарски и фудбалски игралишта.
Како што нагласија од општината, во текот на неделава треба да започне и замената на старите табли за кошеви на кошаркарските игралишта во Гевгелија и населените места. Така што, во најкраток рок игралиштата ќе бидат санирани, со поволни услови за спортување.