СЕ НАМАЛУВА И СТАРЕЕ НАСЕЛЕНИЕТО ВО МАКЕДОНИЈА А ГОДИШНО, ВО ПРОСЕК СЕ ИСЕЛУВААТ 12.000 ЛИЦА

Во Собранието на Република Македонија беше промовирана публикацијата „Проекции на населението на Република Македонија до 2070 година“ – која е резултат на изработените проекции на населението по поединечна година до 2070.
 
Населението забрзано старее, а државата забрзано се празни. Ние веќе ги достигнавме демографските проекции на Обединетите Нации кои тие ги предвидуваа за нас за 2030 година. Врз основа на пописот, Државниот завод за статистика ги изготви проекциите, според кои, до 2070 година населението би се намалило за дури 35%, односно, од сегашните 1.8 на одвај 1.2 милиони жители…“.
 
Освен што населението старее, просечното домаќинство станува помалубројно, а расте возрасната граница на стапување во брак и засновање семејство…“.
Намалувањето на бројот на населенито во Македонија е општо позната работа. Според статистичарите, иселувањето е клучно за демографската иднина. Годишно во просек околу 12 илјади лица се иселуваат од земјата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *