СЕ ЧИСТИ КАНАЛОТ „РАУЉ“

Откако се изврши чистење на одводни канали во Миравци и Негорци, деновиве се започна и со расчистување на одводниот канал „Рауљ“ .
Станува збор за исклучително важна акција, која има за цел заштита од поплави при обилни врнежи од дожд. Но, исто така на овој начин се менува и целокупниот изглед на тие средини.
Последен пат вакви активности се извршени пред повеќе од седум години, што придонесе сливните корита да бидат во доста лоша состојба и со мал капацитет на одводнување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *