САШО ПОЦКОВ И ТОДОР РИСТОВ :ДЕНЕШНАТА ЕКО АКЦИЈА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ НЕКА БИДЕ ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА СИТЕ НАС ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА СЕКОГАШ ДА СИ ГО ИСЧИСТИМЕ ОТПАДОТ ШТО ГО СОЗДАВАМЕ!
Општина Гевгелија денеска е дел од првата еко-акција „Генерелка викенд- За чисто како дома исто“ која во исто време се одржува во повеќе градови во Република Македонија: како: Велес, Штип, Охрид, Крушево, Демир Капија, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Струмица…
Еко-акцијата се одржува на локација кај поранешната Касарна, а на неа учествуваа вработени од Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, претставници од невладините организации, спортски клубови и граѓани на општината.
Градоначалникот Сашко Поцков, во изјава за ТВ Нова 12 изрази задоволство од текот на оваа акција, која, како што рече, нема да биде и последна, а со која денес се расчистува локацијата околу спортските терени во просторот на бившата Касарна и апелираше до граѓаните да не го фрлаат отпадот непрописно, туку во точно подготвените за тоа локации и контејнери.
Претседателот на Советот на Oпштина Гевгелија, Тодор Ристов посочи дека сите граѓани може да дадат свој допринос за зелена и почиста Гевгелија со тоа што ќе си го исчистат отпадот од пред своите живеалишта, пред куќите и станбените згради, и ги потсети, кога ќе одат на излет во природа, ѓубрето кое ќе го создадат зад себе да си го исчистат.
Инаку, градоначалникот Поцков истакна дека и во текот на оваа година, општина гевгелија ќе се обиде максимално да се расчистат дивите депонии, но и да се озелени градот, во рамките на редовните и вонредни акции, заедно со ЈПКД Комуналец.