ШАМПИОНСКИ ТИМ НА „ФК КОЖУФ“ ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА ИСТОК КОЈ СЕ НАТПРЕВАРУВАШЕ ВО ПРВАТА МАКЕДОНСКА ЛИГА 1994/1995

Вчера објавивме една стара слика од фудбалски натпревар на ФК „Кожуф“ од 1963-та година, а денес, благодарејќи на сликата на Ристо Котев и потсетувањето на Горан Ташев ве потсетуваме на тимот кој го освоил првото место во Втората фудбалска лига – Исток во сезоната 1993/94 и се натпреваруваше во Првата Македонска фудбалска лига во сезоната 1994/1995 под името „Кожуф Винојуг“. На крајот на сезоната, екипата завршила на последното место и се вратила во Втората лига.
Тој успех е направен под водство на Перо Ташков – Доланц претседател и Ристо Котев потпретседател
ФУДБАЛЕРИТЕ НА СЛИКАТА СЕ ЛЕГЕНДИ стојат: Милан Цицмиловиќ, Венци Караколев, Ристо Митановси, Ванчо Ѓоргиев-Белич, Ристо Василев, Венци Ичев, Тиме Илиев, Таши Аврамов, Гоце Аџиевски, …. клечат: Горан Ташев, Оливер Василев, Зоран Старделов, Јанко Карајанов, Сотир Мискоски, Јове Петров, Ване Ризов, Венци Димитров
 
 
 
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *