РСБСП СО АПЕЛ
Потребата за паркинг места е сѐ поистакната заради континуираниот пораст на бројот на моторни возила во РСМС, зголемениот број на жители во населените места и модерните навики на луѓето за почесто користење на индивидуално моторно возило наместо јавен превоз или разни форми на одржлива мобилност (пешачење, возење велосипед и сл.)
Кога паркирањето не е регулирано, може да предизвика низа неповолности за возачите, како на пример:
• зголемен стрес кај возачите, продолжено време за пристигнување на посакуваната дестинација,зголемени трошоци,нарушување на просторот наменет за пешаци,узурпирање на зелени површини,запирање и паркирање на места наменети за инвалидизирани лица,повреди на законските регулативи, можни казни за возачите и сл.
Заради унапредување на состојбата со паркирањето и зголемување на безбедноста на сообраќајот, РСБСП повикува:
• паркирајте го возилото на места означени за тоа,не користете мобилен телефон додека паркирате,во паркинг просторот возете забавено и внимавајте на другите возила и пешаците,внимавајте на сообраќајните знаци кои се однесуваат на паркирањето,не паркирајте на места обележани за паркирање на возила на лица со попреченост,не паркирајте преку обележаните ленти за паркирање – почитувајте го просторот за секое возило, и др.
РСБСП упатува апел: ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО заради унапредување на вашата и безбедноста на другите учесници во сообраќајот на патиштата.

Прегледи: 193