РОМАНТИЧЕН ПИКНИК ПОД ЅВЕЗДИТЕ ВО „ВИОЛЕТА“ ПАРК ВО ГЕВГЕЛИЈА

Домот на културата „Македонија“ организира настан за уживање. РОМАНТИЧЕН ПИКНИК под ѕвездите е настанот на кој може да присуствуваат и помладите и повозрасните гевгеличани. Едните, за миг да се навратат на својата младост и на времето кога низ парковите и ливадските предели во Гевгелија се организирале попладневни закуски со семејството и со најблиските.Другите, оние помладите, да почувствуваат со какво уживање нивните родители, нивните баби и дедовци се забавувале на ваквите дружења во природа.
Единствено што треба да понесете со себе е саканата личност и добро расположение, останатото е наша грижа, вели организаторот. Сите присутни ќе може да седат на перничиња на земја, кои ќе бидат обезбедени од страна на организаторот.
Сите присутни, кои во сабота, на 2 октомври ќе се најдат во градскиот парк „Виолета“ некаде околу 20 часот не само што ќе можат да уживаат во прекрасните ноти на пијаното и виолината во изведба на Александар и Атанас Стојанови, туку ќе може да се освежат, бидејќи кафетерија БАРИСТА ќе понуди палета од најдобрите сортни вина по најповолни цени.
 
 
 
 
 
 
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *