„Тука сме како родители за иднината на нашите деца. Да ги прескокнеме разликите во нашите убедување во интерес на нивната иднина. Не сме против реформи, и вистина е дека децата се преоптеретени со непотребни информации во учебниците, но сме против воведување на тотална дигитализација и губење на предмети како што се историја и мајчиниот јазик. И сите сме свесни какви ни се финансиските можности за обезбедување на ИТ уреди.
Факт е дека МОН не ги консултираа Советите на родители и нас родителите за испланираната нова концепција- Учебниците треба да се исфрлат а децата дома не треба да учат. Ние како родители не дозволуваме децата да ни бидат експериментални глувци, бидејќи резултатите од овој наметнат концепт од МОН ќе се знаат за 5-6 год. Нашите деца не се предмет на експериментирање и имаат целосно право на иднина. Пандемијата покажа и докажа дека на овој начин не можат сите да функционираат. Затоа велиме НЕ ЗА ЦЕЛОСНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА,“ порачаа насобраните родители.
На протестот се потпишуваше и петиција со која се бара да се повлече предложениот Нацрт закон за учебници. Родителите не се задоволни ниту од, според нив, т.н. дијалог со надлежното министерство. Велат законите се носат без консултации со засегнатите страни. Дополнително бараат нивните деца да се вратат во клупите на настава.