Гевгеличанецот Ристо Миов, кој живее во Скопје, за своите домашно произведени вина во неговата винарија МИОВ, и оваа година освои медали. После минатогодишните сребрен и бронзен медал, неговото вино оваа година стигна и до златниот медал. Златен медал освои за црвеното вино ДЕДОВО, производство 2017 година, додека сребрени медали освоија црвеното вино од сортата Вранец, произведено 2018 и белото вино ДЕДОВО, производство 2018 година
Повеќе од 1.000 вина и 280 винарии се бореа за наградите на Балканскиот меѓународен вински натпревар 2022 (BIWC). Неговото 11-то издание обедини винари од Бугарија, Грција, Босна и Херцеговина, Косово, Романија, Хрватска, Албанија, Словенија, Македонија, Србија, Турција, Црна Гора , Украина, САД, Франција. Балканските вински Оскари беа доделени на гламурозна церемонија во Ktima Filipicon, на „рајскиот“ остров Саламина, на 3 јуни.
Гордоста на нивната работа ја оценуваше меѓународно престижно жири од 21 судија, со кое претседава Игор Луковиќ од Србија. Жирито вклучува 5 носители на титулата мајстор на виното и етаблирани вински професионалци од целиот свет.