РИСТО АТАНАСОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛАГ БОЈМИЈА:

„ВО ФОКУСОТ НА  ПРОГРАМАТА ЗА РАЗВОЈ  НА  ЗАЕДНИЦАТА Е ОДРЖЛИВИОТ РАЗВОЈ НА РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ.“  

Претседателот на ЛАГ Бојмија ги запозна членовите на Управниот одбор со почетокот на имплементацијата на проектот „Програма за развој на заедницата“ кој што е финансиран од УСАИД, а го имплементира Мрежата за развој на  Македонија во партнерство со ЛАГ Бојмија, ЛАГ Плачковица, ЛАГ Малеш -Пијанец, ЛАГ Беласица -Огражден, ЛАГ Абер 2015 и СЕГ Консалтинг.

Одржливиот развој на руралните средини преку зголемена вклученост на локалните актери во препознавање и приоретизација на вистинските потреби на заедницата е во фокусот на овој проект, истакна претседателот Ристо Атанасовски. При тоа, развојните предизвици треба да бидат надминати потпирајќи се на сопствените ресурси и зголемен ангажман на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во заедничките социо -економски и еколошки иницијативи.

Програмата за развој на заедницата ќе биде катализатор на развојот предводен од локалните чинители, како докажан одржлив модел кој потоа може да се реплицира и унапредува во соодветни тематски сектори или географски подрачја. Програмата ќе спроведува нов партиципативен пристап за решавање на проблемите со кои се соочуваат руралните средини.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *