РЕЖИСЕРОТ АНДРЕЈ ВОЛКАШИН БАРА СТАТИСТИ ЗА СВОЈОТ ПРВ ДОЛГОМЕТРАЖЕН ФИЛМ
Режисерот Андреј Волкашин го снима својот дебитански долгометражен игран филм со сегашен наслов „Слатката горчина на зрелите калинки”. Филмот, кој ќе се снима во Гевгелија и Демир Капија, е меѓународна копродукција помеѓу Македонија, Хрватска, Бугарија, со поддршка од Холандија и „Еуримаж“. Филмот ќе се снима до крајот на месецов.
Филмот е награден со прва награда меѓу сите алумни на Torino Film Lab во период од 2018 до 2022 година, од најголемите „Нетфликс“ студија во Холандија кои ќе ја работат постпродукцијата на филмот.
Сценариото е на Андреј Волкашин, директор на фотографија е Кирил Проданов, сценографијата на Бојана Бачварова и Влатко Чачоровски, костимограф Илина Чолак, маска и шминка Симона Ристевска и кастинг директор Киријана А. Николовска.
Продуцентка на филмот е Елена Станишева, а копродуценти Павлина Ангелова, Николај Тодоров и Звонимир Муниврана. Филмот е финансиски поддржан од македонската Агенција за филм и националните фондови на земјите копродуценти на филмот.